Украина ќе испрати воени инструктори во Германија за да ја обучат како да се бори против Русија
2026-03-20 - 20:33
Украина ќе испрати воени инструктори во Германија за да ги обучуваат германските воени сили како да се борат против Русија, објави „Ројтерс“ Ова за агенцијата го соопштил командантот на Бундесверот, Кристијан Фројдинг. Според него, Германија мора да ја забрза подготовката на армијата поради можна закана од Русија. Фројдинг вели дека официјален Берлин ја смета 2029 година како можен рок кога Русија би можела да биде подготвена за напад. Тоа е речиси задутре. Немаме време – непријателот нема да чека да ја објавиме нашата подготвеност“, нагласи Фројдинг. Според него, украинската армија во моментов има уникатно борбено искуство против руските сили, кое Германија има намера да го искористи во обуката на своите војници.
Share this post: