Во струмичкиот театар почнаа подготовките за „Трговци со презервативи“ во режија на Дејан Ангелов
2026-03-11 - 07:57
Во струмичкиот театар „Антон Панов“ започнаа подготовките на новата претстава „Трговци со презервативи“ од Ханоx Левин, во режија на Дејан Ангелов. Сценскиот дизајн е на Филип Коруновски, додека музиката и изведбата во живо им се доверени на Ставро Анѓелаков и Љубен Маџиров. Во актерската екипа настапуваат: Јулија Милкова, Стојан Велков – Трн и Игор Тодоров. Премиерата на претставата е закажана кон крајот на април. Публиката ја очекува уште еден нов и возбудлив театарски проект на сцената на струмичкиот театар.
Share this post: