Премиерот Мицкоски на средба со претседателот на Албанија
2026-02-27 - 17:28
– Премиерот Христијан Мицкоски денеска остварил средба со претседателот на Албанија, Бајрам Бегај, на која, како што инофмрира разговарале за зајакнување на билатералните односи, унапредување на регионалната соработка и заедничките евроинтеграциски процеси. На средбата, како што објави Мицкоски на Фејсбук, била истакната важноста од одржување на стабилноста и продлабочување на партнерството меѓу двете земји во интерес на нашите граѓани. Албанскиот претседател Бајрам Бегај, кој од вчера престојува во официјална посета на земјава денеска беше пречекан и од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. аа/лв/
Share this post: