Кастинг на Факултетот за драмски уметности за испитни кратки филмови
2026-03-24 - 08:33
Во сабота (28.03) од 12 часот до 16 часот во просториите на Факултетот за драмски уметности, нашите колеги од филмска режија организираат отворен кастинг за испитни кратки филмови. Кастингот е отворен за сите заинтересирани, без разлика на претходно актерско искуство, информираат од Академска сцена. Ги покануваме сите љубители на филмот да се пријават и да станат дел од нови авторски приказни! Кастингот ќе се состои од: – кратко претставување пред камера (име, возраст) – импровизација или кратка зададена ситуација – по потреба, читање краток дел од сценарио За тие што се заинтересирани, може да пратите меил на: Граници – Теодора Најдовска najdovskateodora@gmail.com Дупката во ѕидот – Бојана Миовска stasiisart@gmail.com Опсервација – Дарко Ѓуровиќ dgju3210@gmail.com Втора Миграција – Михаел Каровски Natrix skrisnobitie@gmail.com За други информации можете да нѐ контактирате во порака. Ве очекуваме со возбуда!