TheNorthmacedoniaTime

Малолетници од скопско село на екскуризија се обиделе да украдат пари од манастирскиот комплекс „Св. Наум Охридски“ на Попова Шапка

2026-02-08 - 15:28

Одговорното лице на манастирскиот комплекс „Св. Наум Охридски“ на Попова Шапка на 7 февруари пријавил во СВР Тетово дека во манастирот затекнал малолетници кои со употреба на сила се обидувале да ја отворат металната каса за доброволни прилози. Утврдено е дека станува збор за четворица малолетници од скопско село, кои биле на организирана екскурзија. Тие заедно со нивниот одговорен наставник биле задржани на местото на настанот и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Share this post: