TheNorthmacedoniaTime

РКЕ се огласи по оставката на Бислимоски

2026-02-12 - 11:59

Регулаторната комисија на енергетика информира дека Марко Бислимоски, претседател на РКЕ денес го извести Собранието на Македонија дека поднесува оставка од функцијата претседател на РКЕ. Согласно Законот за енергетика и Статутот на РКЕ, се додека не се донесе одлука за престанок на функцијата претседател на РКЕ, Бислимоски ќе ја извршува функцијата. РКЕ ќе продолжи да функционира и да ги извршува надлежностите и обврските кои ги има согласно Законот за енергетика. Вработените и членовите во РКЕ јавно му се заблагодаруваат на долгогодишната соработка на претседателот Марко Бислимоски, се вели во соопшението од РКЕ.

Share this post: