TheNorthmacedoniaTime

Во Кочани литургија и општ парастос за упокоените во пожарот во дискотеката „Пулс“

2026-03-14 - 07:46

По повод годишнината од трагичниот пожар денеска со почеток од 8:00 часот во црквата „Св. великомаченик Георгиј“ во Кочани ќе се одржи литургија за упокоените, а во 9:30 часот – општ парастос за упокоените во пожарот во дискотеката „Пулс“. Со верските обреди ќе чиноначалствуваат Неговото блаженство архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан и Неговото високопреосвештенство митрополитот на Брегалничката епархија г. Иларион.(МИА)

Share this post: