TheNorthmacedoniaTime

Струмичките пожарникари рано утринава извлекле девојка падната во провалија

2026-03-21 - 10:33

Денес, во раните утрински часови пожарникарите-спасители од ТППЕ Струмица интервенирале на извлекување на паднато женско лице во провалија под Цареви Кули, на место викано Црвен Дол. Како што се наведува во Фејсбук-објавата на струмичките пожарникари, станува збор за исклучително тежок и непристапен терен, каде интервенирале шест пожарникари-спасители со две теренски противпожарни возила. Во акцијата беше користена алпинистичка опрема и носила за безбедно извлекување на повреденото лице. По успешно спроведената акција, лицето беше извлечено и предадено на екипа на Итна медицинска помош“, посочија од Пожарникари – Струмица, додавајќи дека на лице место присутни биле и екипи на МВР Струмица.

Share this post: