За викендов ветер и слаб снег, од понеделник повисоки дневни температури
2026-02-20 - 11:16
Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. На места ќе има услови за провејување слаб снег. Ќе дува умерен, a по должината на Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, кој ќе достигне над 60 километри на час. Како што информира УХМР, за викендот ќе дува засилен ветер од северен правец, а утре ќе има услови за провејување слаб снег. Од недела следува период на стабилно време со високи дневни температури. Следната недела минималната темература ќе биде во интервал од -4 до осум степени, а максималната од осум до 20 степени.
Share this post: