TheNorthmacedoniaTime

Министерот Љутков во работна посета на Кичево

2026-02-25 - 07:46

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска, среда (25.2.2026 г.), ќе престојува во работна посета на Општина Кичево и институциите од областа на културата во овој град. Во рамките на посетата, министерот Љутков и градоначалникот Александар Јовановски во 10:30 часот, во просториите во Општина Кичево (општинска сала), ќе се обратат на прес-конференција по повод изборот на Кичево за Град на културата за 2026 година.

Share this post: