TheNorthmacedoniaTime

Градоначалникот Проданоски на заедничка ифтарска вечера со граѓаните на Прилеп

2026-03-17 - 18:34

По повод светиот месец Рамазан, градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, организираше заедничка ифтарска вечера со сограѓани и пријатели од исламска вероисповед. Како што истакна Проданоски, ваквите настани претставуваат потврда дека меѓусебната почит, традицијата и духовните вредности се темелот врз кој се градат односите во заедницата. Тој нагласи дека преку вакви средби се испраќа силна порака за важноста на заедништвото и разбирањето меѓу граѓаните. Овој настан е уште една потврда дека заедништвото и почитта се нашата најголема сила“, порача градоначалникот. Во пресрет на Рамазан Бајрам, Проданоски упати честитки до сите припадници на исламската вероисповед, посакувајќи им мир, хармонија и благосостојба во секој дом, како и добро здравје, спокој и радост во кругот на најблиските. Тој додаде дека Општина Прилеп ќе продолжи да работи во насока на градење посветла и поинклузивна иднина за сите граѓани.

Share this post: