Шкендија го совлада Вардар во дербито на колото
2026-03-05 - 17:27
Актуелниот фудбалски првак на Македонија тетовска Шкендија го совлада лидерот на табелата на шампионатот Вардар со 1:0. Ова беше прв пораз на „вардарци“ во шампионатот, а тетовчани со новите бодови ја намалија разликата на табелата. Шкендија единствениот гол го постигна во 66.минута, а стрелец беше Лиридон Љатифи, на асистенција на Бесарт Ибраими. До крајот на натпреварот Вардар имаше неколку удари, но гостинската мрежа не се затресе. На натпреварот беа покажани десет жолти картони (седум за фудбалери на Шкендија, а три за фудбалери на Вардар). Последниот дуел од 21.коло меѓу Пелистер и Силекс е во тек. На претходно одиграните натпревари од оваа рунда: Арсими – Тиквеш 0:5, Македонија ЃП – Работнички 3:1, Брера – Струга 0:0 и Шкупи – Башкими 0:2. Табела: Вардар 52 бода, Шкендија 51, Струга 44, Силекс 38, Башкими 29, Тиквеш 27, Брера 27, Арсими 26, Македонија ЃП 23, Пелистер 20, Работнички 13, Шкупи 1.