Силен ветер откорна кров на училиште во Гевгелија
2026-02-18 - 11:37
Силен ветер денеска откорнал лимена конструкција од кровот на средното училиште „Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија и ги кренал лимените делови од кровот на една градинка во градот, информираа од Центарот за управување со кризи. Од таму посочуваат дека во двата настани немало повредени лица, а побарана била интервенција од МВР и надлежните институции. „За настанот се известени Противпожарната бригада, Општината Гевгелија, и полициската станица, кои ќе преземат понатамошни мерки согласно своите надлежности“, велат од ЦУК. Силниот ветер во скопската котлина беше причина за паднати дрвја и искинати кабли на шест локации, каде настрадале повеќе автомобили. За состојбата се известени СВР Скопје и „Паркови и зеленило“, кои преземаат мерки во рамки на своите надлежности. Во текот на ноќта, и во Тетовскиот регион во селата Нераште и Глоѓи се паднати се две бандери од Телеком, . Во Нераште бандерата е падната покрај патот и не го блокира сообраќајот, но во Глоѓи е преку патот, заради што е известен Телеком, а проблемот ќе се решава во текот на денот, посочуваат од ЦУК.