ЈО: Ја поздравуваме реакцијата на ЗНМ и ССНМ
2026-03-29 - 17:54
Јавното обвинителство ја прифаќа и ја поздравува реакцијата на ЗНМ и ССНМ, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство. Обвинителството во целост се залага за почитување на членот 10 од Европската конвенција за човекови права и членот 16 од Уставот, кои ја гарантираат слободата на изразување и на објективно информирање на јавноста. Обвинителството ги штити човековите права и слободи и со тоа создава услови за нивно непречено остварување.
Share this post: