TheNorthmacedoniaTime

Израел ја потврди својата намера да го окупира јужен Либан

2026-03-29 - 16:44

Министерот за одбрана на Израел, Израел Кац, ја потврди намерата на изралските вооружени сили да го окупираат целиот регион јужно од реката Литани во Либан сè додека, какако што кажа Кац, областа не биде безбедна за населението и ослободена од присуството на Хезболах. Во последните неколку дена, израелските воздухопловни сили жестоко ги бомбардираат главните мостови за евакуација што ги користи либанското население за да избега кон север, додека копнените сили на Израелските одбранбени сили продолжуваат да се обидуваат да продрат преку границата. Населените места во овој дел од Либан се предмет на интензивно бомбардирање и систематско уништување од страна на Израел, што се совпаѓа со неодамнешните изјави и говори на израелскиот министер за одбрана, кој нареди уништување на граничните села во јужен Либан „во согласност со моделот применет во Газа“. И министерот за финансии на Израел, Безалел Смотрих, даде слични изјави, заканувајќи се дека „јужните предградија на Бејрут наскоро би можеле да личат на Кан Јунис“ (град во јужниот дел на Газа).

Share this post: