Лејкерси се вратија на победите
2026-01-27 - 10:16
Лос Анџелес лејкерс го победи Чикаго булс на гостински терен ноќеска со 129:118. Најдобар стрелец на натпреварот беше Лука Дончиќ. Словенецот постигна дабл-дабл со 46 поени и 11 асистенции. Лејкерси се петти во Западната конференција на НБА по 45 натпревари. Чикаго е деветти на Истокот по 46 натпревари. На другите средби играни ноќта понеделник кон вторник постигнати се овие резултати: Кливленд – Орландо 114:98 Бостон – Портланд 102:94 Хјустон – Мемфис 108:99 Минесота – Голден Стејт 108:83
Share this post: