Ин мемориам: Почина Никола Глигоров- долгогодишен директор на „Скопско лето“
2026-02-23 - 20:37
Со длабока тага ја известуваме јавноста дека по кратко боледување почина нашиот долгогодишен директор и културен работник, Никола Глигоров, соопштија од Дирекцијата за култура и уметност Скопје „Скопско лето“. Неговата посветеност и придонес во развојот на културниот живот на Скопје ќе останат трајно врежани во нашата организација и во културната меморија на градот. Последниот поздрав ќе се одржи утре во Капела 2 на Градските гробишта Бутел, во периодот од 12:30 до 13:30 часот. Изразуваме искрено сочувство до неговото семејство и блиските. Нека му е вечна слава. Дирекција за култура и уметност – Скопје
Share this post: