TheNorthmacedoniaTime

Николоски: Македонија се гради и се развива – следуваат нови инфраструктурни проекти

2026-03-04 - 09:58

Градежништвото повторно со двоцифрен раст – објави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук-профил и додаде дека има силна динамика во изградба на капиталните проекти. – Раст од 14,6 отсто бележиме во време кога ги градиме капиталните проекти, автопатите, железницата, регионалните и локалните патишта и голем број комунални проекти. Двоцифрена стапка на раст од 14,6 отсто во градежниот сектор има во четвртиот квартал од 2025 година, што само ја потврдува нашата силна заложба и посветеност во реализација на капиталните проекти. Особено ме радува фактот што градежништвото е во континуиран пораст, и тоа во 2025 година во третиот квартал имавме 21 отсто раст, а четвртиот квартал бележиме 14,6 отсто раст (и покрај зимскиот период, каде што поради природните услови, градежните активности се намалуваат), напиша Николоски. Македонија, како што посочува вицепремиерот во објавата, е меѓу земјите со најголем раст на БДП, каде градежништвото повторно има двоцифрена стапка на раст. -Во четвртиот квартал БДП порасна за 3,8 отсто што е најдобар показател за успешните политики што ги спроведуваме. Македонија се гради и се развива – следуваат нови инфраструктурни проекти, објави вицепремиерот Николоски.

Share this post: