Иран нападна италијанска воена база во Кувајт
2026-03-15 - 16:46
Воената база Али ал Салем во Кувајт, каде се стационирани припадници на американската и италијанската армија утрово беше нападната од ирански дрон. Беспилотното летало погоди магацин и уништи дрон на италијанските воздушни сили. Министерството за одбрана на Италија соопшти дека во нападот нема повредени војници. – Нема никаков ризик ниту проблем за нашите војници. Кувајт е иранска воена мета поради присутноста на американски бази. Нема да не заплашат, ќе се придржуваме до преземените меѓународни обврски, изјави шефот на италијанската дипломатија Антонио Тајани
Share this post: