TheNorthmacedoniaTime

Во манастирот Острог почна снимањето на документарен филм посветен на малиот Леон

2026-03-02 - 21:27

Во Манастирот Острог викендов почна снимањето на документарен филм посветен на малиот Леон. Ова патување и документарецот што се подготвува се симбол на борбата и верата на едно семејство кое одбива да се откаже. Леон, низ својата чистота и насмевка, продолжува да биде инспирација и потсетник дека чудата се можни за оние кои веруваат. Седум години Бог те создаваше во тишина,како што ја создаде земјата лаву мој, а сега започнува мисијата поради која си роден. Благословот од Свети Василиј Острошки не ни беше даден како награда,туку како задача. За многумина ова е исполнета приказна. За нас ова е првиот чекор.Јас сум тука, сине мој. Не само како мајка,туку како твоја поддршка во мисијата што ни е доверена. Да чекорам покрај тебе кога патот ќе стане тежок.Да те држам кога светот нема да разбере. Да те потсетам дека твојата различност никогаш не беше слабост туку повик. Ти не ја бараше светлината.Ти само веруваше. И затоа светлината те пронајде. Затоа постои запишано во списите еден цитат кој гласи вака: ,,Ако е од Бога ќе те пронајде. Дури и ако бегаш од тоа. ​Ако не е од Бога, без оглед колку и да го бркаш, нема да го стигнеш.”, вели мајката на Леон, Амела Мемиш Апостоловска.

Share this post: