TheNorthmacedoniaTime

Денеска прекин на водоснабдувањето ќе имаат дел од корисниците на Карпош

2026-03-21 - 09:34

П Водовод и канализација известува дека денеска прекин на водоснабдувањето ќе имаат дел од корисниците на Карпош. Како што информираат од таму, поради замена на затварач(шибер) ф100мм на улица Софиска бр.5, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од следните улици: Софиска, Његошева, Бриселска, Копенхагенска, Петар Драганов, Столхомска и Гаврил Лесновски. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:20 часот до завршување на работните активности.

Share this post: