TheNorthmacedoniaTime

Нова песна на Љубојна во дует со Бранислав Николов – Врати ми ја тишината

2026-03-25 - 13:44

Еден од најзначајните македонски музички брендови, Љубојна годинава прославува јубилејни 25 години постоење со голем концерт кој ќе се одржи на 29 март во македонската Филхармонија, а во пресрет на концертот, групата ја претставува својата нова песна – „Врати ми ја Тишината“, во дует со Бранислав Николов. Песната во придружба на видео е објавена денес и е достапна на следниот линк: https://www.youtube.com/watch?v=m2JcJEP3wIM „Врати ми ја тишината“ е инспирирана од музичката тема „Танго за тројца“ во соработка и дружба со Фолтин. Видеоклипот е документиран во живо на сесиите во Studio Wave и во „Театар Комедија“. Музиката и аранжманот се на Оливер Јосифовски, текстот е на Сашо Димоски. Вокалната изведба е дует на Вера Милошевска-Јосифовска и Бранислав Николов, а музичарите се: Оливер Јосифовски (акустична и бас гитара), Бојан Петков (укулеле) и Александар Секуловски (удиралки). ВРАТИ МИ ЈА ТИШИНАТА Згасни ја темнинава, ноќ по ноќ ја испи. Шепни ми на усниве, молков да ми однеме, смеа да ми одекне, јас да ти оздравам. Реф: Врати ми ја тишината, молк по молк ја зеде. Ко молња да ми дојдеш ти, мрак да обоиш и мирис да ми оставиш, здив по здив го зеде. Тајна да ти откријам и да ти оздравам. Разбуди ги пернициве со траг под кожа втиснат. Зајми ги облаците, тајна да ти откријам, дождот нека истура, јас да ти оздравам. Реф: Врати ми ја тишината, молк по молк ја зеде. Ко молња да ми дојдеш ти, мрак да обоиш и мирис да ми оставиш, здив по здив го зеде. Тајна да ти откријам и да ти оздравам Врати ми ја тишината, молк по молк ја зеде. Ко молња да ми дојдеш ти, мрак да обоиш и мирис да ми оставиш, здив по здив го зеде. Тајна да ти откријам и да те прегрнам.

Share this post: