Кинотека: Поради големиот интерес, денес ќе се одржи уште една проекција на филмот „Приказна за Сиљан“
2026-02-07 - 11:28
Поради големиот интерес, денес (07.02.2025) ќе се одржи уште една проекција на филмот „Приказна за Сиљан“ во 21:30 часот. Билетите може да ги набавите директно на благајната на Кинотеката. Во срцето на рурална Македонија, земјоделецот Никола, притиснат од новите државни политики, случајно наоѓа ранет бел штрк на депонија и решава да му помогне. Нивниот кревок, полека граден однос со доверба се претвора во спасоносна врска која му враќа смисла на Никола, ги обновува врските со заедницата и ги буди старите преданија и односот кон природата. Оригинален јазик Александар Цонев, Александра Цонева, Никола Цонев РежисерТамара Котевска Година2025 ЗемјаМакедонија Времетраење80 мин Возрасна категорија16+ ЈазикМакедонски ФорматDCP
Share this post: