TheNorthmacedoniaTime

Фицо се закани дека ќе ги блокира новите санкции на ЕУ кон Русија поради блокадата на „Дружба“

2026-03-29 - 10:04

Словачкиот премиер Роберт Фицо се закани дека ќе ги блокира новите санкции на ЕУ кон Русија поради блокадата на нафтоводот „Дружба“, преку кој Украина ја прекина испораката на нафта пред два месеци. Ако Европската комисија и даде предност на Украина во однос на Словачка, може да заборави на поддршката за 20-тиот пакет санкции кон Русија или на нашата подготвеност да соработуваме во (спроведувањето на плановите) за брз пристап на Украина во ЕУ, порача Фицо во видеопорака на Фејсбук. Фицо наведе дека Европската комисија не направила ништо за да го принуди украинскиот претседател Володимир Зеленски да се нормализираат испораките преку нафтоводот „Дружба“. Ги регистрираме изјавите на украинскиот претседател дека тој апсолутно нема интерес за обновување на транзитот на руска нафта. По прекинот на транзитот на руски гас, ова го означува вториот отворено непријателски и економски штетен потег на Володимир Зеленски против Словачка, истакна Фицо. Според него, доколку испораките на нафта преку нафтоводот „Дружба“ продолжеле, Словачка и регионот на Централна Европа немало да се соочат со тешка ситуација поради зголемените цени на горивото. Украинските власти тврдат дека нафтоводот „Дружба“ претрпел штета во руски напад во јануари, но одбиваат да им дозволат на европските експерти да го прегледаат.

Share this post: