Нови мерки за Скопје: Еколошко греење во средните училишта, велосипедски патеки и повеќе контејнери
2026-03-13 - 08:56
На деветтата седница на Советот на Град Скопје беа донесени повеќе одлуки насочени кон подобрување на животната средина, сообраќајот и комуналните услуги во градот. Дел од заштедените средства ќе бидат наменети за замена на системите за греење во средните училишта, со цел намалување на емисијата на штетни честички и подобрување на квалитетот на воздухот во Скопје. Градските власти најавуваат и нови сообраќајни решенија за побезбеден и побрз транспорт, со посебен акцент на развојот на велосипедската инфраструктура и зголемување на безбедноста на пешаците. Дополнително, одвоени се средства за набавка на нови возила и контејнери за потребите на ЈП Комунална хигиена Скопје, со цел подобрување на системот за управување со отпад и негово приближување до европските стандарди, порача претседателот на Советот на Град Скопје Даме Димитровски. Во донесените одлуки се предвидени и инвестиции во нови паркови, проекти за обновливи извори на енергија, како и изградба на катни гаражи на локации каде што има најголема потреба.