TheNorthmacedoniaTime

Акција на МВР кај поранешната фабрика „ОХИС“: Местото е под силно полициско обезбедување и пристап до таму не е можен

2026-02-05 - 18:09

И натаму е во тек големата полициска акција во Скопје во врска со петте тони марихуана што минатата недела беа запленети во соседна Србија, а за кои српските медиуми информираа дека се набавени од македонска територија, објави 360 степени. Десетина комби-возила, пет до шест камиони и полициски возила попладнево влегоа во просториите на поранешната фабрика „Охис“, каде што од вчеравечер се спроведува полициската акција. Местото е под силно полициско обезбедување и пристап до таму не е можен.

Share this post: