TheNorthmacedoniaTime

Мицкоски на политичко-економска посета во Република Унгарија на средба со Орбан и обраќање на бизнис форум

2026-03-30 - 09:34

Премиерот Христијан Мицкоски денеска престојува во политичко-економска посета на Будимпешта, Унгарија, заедно со владина делегација. Како што соопшти Владата, во рамки на посетата е предвидена средба на Мицкоски со унгарскиот премиер Виктор Орбан, на која ќе се разговара за билатералните односи меѓу двете земји, економската соработка, како и за актуелни регионални и европски прашања. Според најавата, Мицкоски ќе се обрати и на бизнис форумот во Будимпешта, насловен „Ден на деловна соработка помеѓу Унгарија и Северна Македонија“. На форумот се очекува да бидат разгледани можностите за продлабочување на економската соработка и поврзување на компании од двете земји. Во состав на владината делегација се вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски, министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, генералниот секретар на Владата Игор Јанушев, директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот Рефик Џемаили, директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони Гоце Димовски, како и директорката на Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво Даниела Димовска.

Share this post: