Во Скопје се одржува Конференција „Современиот човек и дијабетесот – контрола, квалитет и достоинство“
2026-03-20 - 08:15
Денеска и утре (20 и 21 март) со почеток во 11,30 часот во хотелот „Холидеј ин“ во Скопје ќе се одржи Конференција во организација на Сојузот на здруженијата на дијабетичари на Македонија. Во рамките на одбележувањето на Јубилејот 25 години од основањето на Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија „ 25 години Борба, Посветеност, Солиданост и Надеж“ ќе се организира и тркалзена маса „Современиот човек и дијабетесот – контрола, квалитет и достоинство“ како и свечената Академија на која покрај презентација на 25 годипното делување и резултати ќе бидат доделени и свечени признанија.
Share this post: