TheNorthmacedoniaTime

СДСМ започна постапка за исклучување на Петре Шилегов

2026-03-17 - 06:36

Извршниот одбор на СДСМ започна постапка за исклучување на Петре Шилегов од членството на СДСМ. „Шилегов е уценет и одработува за ВМРО. Ја разоткривме целата бизнис шема на Христијан Мицкоски во енергетиката, од Адамовиќ до „Руднап“. Сега на сите им е јасно зошто толку многу сакаат да го рушат СДСМ. ВМРО толку падна што единствената опција им остана обидот да го урне СДСМ одвнатре. Сега на сите им е јасно дека станува збор за „платформа за рушење на СДСМ“, стои во партиско соопштение на опозициската партија во кое се најави исклучувањето на Шилегов. Поранешниот пратеник и градоначалник на Скопје неодамна најави дека тој, заедно со поголема група социјалдемократи ќе побараат оставка од актуелното раководство на Венко Филипче бидејќи СДСМ е кадровски празна заради што критички настроените граѓани бараат опозиција во партијата „Левица“. Шилегов, кој е адвокат на еден од обвинетите во случајот Пулс, најавата за негово исклучување од матичната партија не го коментораше вчера, на годишнината од трагедијата. Тој најави дека својот став за исклучувањето ќе го каже денеска.

Share this post: