TheNorthmacedoniaTime

Еко собир во КСП Центар-Јадро

2026-03-05 - 08:17

ЕКО собир Во органзиација на Балканска мрежа за заеднички добра 05 од 08 март | од 10.00 до 15.00 часот Во 2024 година, активисти од балканскиот регион и местата поврзани со регионот се собраа во Солун, како резултат на многу повеќегодишни разговори кои поттикнаа потреба за заеднички собир. Нашите борби се слични, но често сме изолирани и несвесни за борбите што ги водат нашите пријатели од соседните земји. Недостатокот на комуникација и координација не е случаен и тоа нè ослабува. Токму затоа, овој собир е чекор кон сузбивање на таа изолација, велат организаторите. Со искрена желба за зајакнување на ставовите и борбите, се собираме повторно за да ги поврземе македонските движења кои се борат против екоцидите и неправдите во Македонија со движења ширум Балканот со слични борби.Овој еколошки собир, во 2026-та ќе се одржи во Скопје, Македонија, од 5-ти до 8-ми март во КСП Центар – Јадро. Нашата цел е преку собирот и трудот што ни следи е да започнеме со градење на регионална мрежа создадена од нас и одговорна за сите нас, заснована од реални потреби, споделени борби и колективен отпор. Ова не е уште една хиерархиска структура, туку жива мрежа вкоренета во движењата и потребите на локално ниво. Оваа година, собирот ќе вклучува отворени разговори помеѓу групи и движења од целиот Балкан кои ќе имаат простор да споделат информации и стратегии за организирање, со фокус на нивните конкретни успеси и неуспеси.

Share this post: