Полната месечина ја менува судбината на подобро: Доволно е да направите едно нешто
2026-01-31 - 08:48
Полна Месечина е многу силен ден, ден кога треба да си посакаме желби. За време на Полна Месечина се засилува енергијата на Месечината и се отвора силен енергетски тек што треба да се искористи за да ја промените својата судбина на подобро. Енергијата на Полна Месечина делува еден ден пред и еден ден по неа, односно на 31.1. и 2. февруари. Во периодот на Полна Месечина кај некои луѓе доаѓа до силен емоционален пад, додека кај други до ненадеен подем. Универзумот ви покажува во која насока треба да се движите. Практиката е многу едноставна и секој може да ја изведе. Сè што е потребно е навечер на 31.1., 1.2. или 2.2. да земете прстофат сол, да го отворите прозорецот, да го фрлите тој прстофат сол низ прозорецот и притоа да ги изговорите следните зборови – само еднаш: „Како што Месечината со времето се менува, така и енергијата во мојот живот се обновува. Полна Месечина поминува, сите неволји од мене ги одведува. Со својата сол зацврстувам, сè што ми пречи – го отпуштам. Месечината ми помага во животот и ми дарува благосостојба. Нека биде така!“