TheNorthmacedoniaTime

Специјална проекција на документарниот филм „Јас сум Невенка“ денеска во ЕУ хаус

2026-03-26 - 08:03

Амбасадата на Кралството Шпанија , во соработка со #europehouseskopje, HERA и Младите европски амбасадори организираат специјална филмска проекција на документарниот филм „Јас сум Невенка“. Четврток, 26 март 2026, 19ч, Europe House Skopje „Јас сум Невенка“ е филм на режисерката Исијар Бољаин од 2024 година инспириран од вистинска приказна чие дејство се случува на крајот на минатиот и почетокот на овој век. Дваесет и четиригодишната Невенка Фернандез, советничка во градското собрание на Понферада, е сексуално вознемирувана од страна на градоначалникот, моќен човек навикнат да ја наметнува својата волја и на политички и на личен план. Откако младата жена ќе поднесе тужба против таквото однесување на својот претпоставен, иако свесна за цената што треба да ја плати, се соочува со жестока осуда од средината која го поткопува нејзиното достоинство. Нејзината истрајност ќе стане подоцна пример за многу жени во нивната борба против злоупотребите на работното место во Шпанија. По проекцијата ќе следи панел-дискусија за темите на филмот и размена на мислења во неформална атмосфера. Филмот е со титлови на македонски и англиски јазик.

Share this post: