TheNorthmacedoniaTime

Израелската авијација го нападна Техеран, а Иран со дронови Израел и американските бази во ОАЕ и Кувајт

2026-03-07 - 09:26

Израелската армија (ИДФ) соопшти дека повеќе од 80 борбени авиони извршиле бран напади врз воени локации, ракетни лансери и други цели во Техеран и централен Иран. Од друга страна, иранската морнарица соопшти дека почнала „бран масовни напади со беспилотни летала“ против Израел и американските сили, објавија државните медиуми во Иран. Иранската морнарица почна бран масовни напади со беспилотни летала против американските бази и окупираните територии од страна на Израел“, соопштија вооружените сили на Техеран, цитирани од официјалната новинска агенција ИРНА. Во соопштението се додава дека се нападнати базата Ал Минхад во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), во која се сместени американски војници, база во Кувајт и „стратешко место“ во Израел, се додава во соопштението. Тревога за напад утрово и објавена во ОАЕ поради воздушен напад врз аеродромот во Дубаи, каде што се слушнала силна експлозија, по што се издигнал столб од чад. Властите во Дубаи потврдија дека имало „мал инцидент предизвикан од паѓање остатоци од проектил или беспилото летало“, додавајќи дека никој не е повреден. Во исто време, тие ги негираа извештаите што циркулираат на социјалните медиуми за инциденти на меѓународниот аеродром во Дубаи.

Share this post: