TheNorthmacedoniaTime

Молдавија прогласи вонредна состојба по руски напад во Украина

2026-03-25 - 09:24

Молдавија прогласи вонредна состојба во енергетскиот сектор откако клучниот далновод со Европа беше исклучен по руските напади во Украина. Вонредната состојба стапува на сила денес и трае 60 дена, објави Гардијан. Премиерот, Александру Мунтеану, апелираше до луѓето да „избегнуваат непотребна потрошувачка, особено во шпицот“ и „да останат обединети“. Молдавија увезува електрична енергија од соседната членка на ЕУ, Романија, главно преку кабел за напојување што поминува низ јужна Украина. Молдавските власти соопштија дека се идентификувани урнати дронови во Украина во близина на далноводот и дека се потребни „операции за деминирање“ пред да може да се извршат поправки. Се очекува дека враќањето на самиот далновод ќе трае до седум дена, изјави министерот за енергетика, Дорин Јунгиету, цитиран од молдавскиот медиум Зијарул де Гарда. „Русија сама ја носи одговорноста“, напиша молдавската претседателка, Маја Санду, на X, додека Министерството за надворешни работи, исто така, ги осуди руските напади. Русија често ја таргетира енергетската инфраструктура на Украина откако го нападна својот сосед во 2022 година. Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, ја обвини Русија за „апсолутна изопаченост“ „Иранските „шахеди“, модернизирани од Русија, напаѓаат црква во Лавов – ова е апсолутна изопаченост и само некој како Путин би можел да го направи ова“, рече Зеленски во своето дневно обраќање. „Обемот на овој напад јасно покажува дека Русија нема намера всушност да ја заврши оваа војна“, додаде Зеленски, ветувајќи дека Украина „сигурно ќе одговори на какви било напади“. Руската војска во среда соопшти дека соборила 389 украински дронови преку ноќ.

Share this post: