TheNorthmacedoniaTime

Нов судски скандал: Сопрена постапката за несовесно работење на судијата Лазар Нанев, ЈО се откажало од прогон!

2026-03-18 - 09:54

Нов скандал го тресе македонското правосудство. Запрена е кривичната постапка за разрешениот судија Лазар Нанев. За ова на својата официјална веб страница, информираше Основниот Суд Велес. -Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат работата на судот, ја информираме јавноста дека по предметот К.бр. 224/ 25 против обвинетиот Л.Н од Кавадарци за кривично дело Несовесно работење во службата од чл.353-в ст.4 од КЗ е донесено Решение со кое -Постапката поведена по обвинителен предлог III КО.бр.46/25 од 23.06.2025 година на ОЈО Велес против обвинетиот Л.Н. од Кавадарци, за кривично дело Несовесно работење во службата од чл.353-в ст.4 од КЗ, се запира, стои во соопштението. Вака донесеното решение е врз основа на чл.62 ст.2 од ЗКП, а од причина што Основното јавно обвинителство Велес со писмен поднесок од 02.03.2026 година го извести судот дека го повлекува обвинителниот предлог против обвинетиот и се откажува од понатамошно гонење за кривичното дело Несовесно работење во службата од чл.353-в ст.4 од КЗ, стои во соопштението од Судот во Велес. Лазар Нанев е поранешен судија и поранешен претседател на Основниот суд во Кавадарци. На 16 октомври 2024 година, Судскиот совет го разреши од судиската функција поради дисциплински постапки, поврзани со 97 телефонски контакти во краток период со обвинет во предмет што го водел. Дополнително, против него била поднесена пријава од обвинителка од Кавадарци за притисоци и недолично однесување. Минорната поддршка од 2% по ова паѓа на минус 5...

Share this post: