Документарна емисија за отворањето на спомен-собата на Кирил Македонски
2026-03-18 - 09:14
Документарната емисија посветена на отворањето на спомен-собата на композиторот Кирил Македонски, автор на првата македонска опера „Гоце“ премиерно ја раскажа приказната за идејата, подготовките и реализацијата на овој значаен културен проект, како и за донацијата на вредните материјали од страна на ќерката на композиторот до Завод и музеј Битола. Во документарната емисија се обработува и значењето на спомен-собата за културното наследство на Битола и Македонија, но и емотивната страна на семејството на Кирил Македонски. Во музичкиот дел е вклучена и музика од операта „Цар Самоил“, едно од значајните дела на композиторот. Соговорници во емисијата се Маргарета Спасов, директорка на НУ Завод и музеј Битола, како и д-р Ирена Ружин, координатор на проектот, која е и внука на Кирил Македонски и ќерка на професорот и диригент Георги Здравев. Своите видувања ги споделува и Зоран Николовски, раководител на проектот и автор на дизајнот на спомен-собата, како и проф. м-р Маја Митровска, надворешен соработник која работеше на концептот и систематизацијата на материјалите. Во емисијата за значењето на спомен-собата зборува и ќерката на Кирил Македонски, д-р Пламенка Македонска, како и градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, и државниот секретар во Министерството за култура и туризам, Марија Ѓоргова. Во музичкиот дел настапуваат Хорот на Државното музичко училиште од Битола под диригентската палка на Лилјана Трајковска Димевски, оперскиот пејач Игор Дурловски, проф. Јана Цетелева Белевска и ученичката Илијана Серафимова, како и проф. Маја Митровска, Татјана Петрушевска и Марјан Милошевски. Во тимот што работеше на реализацијата на спомен-собата учествуваа и м-р Евгениј Литовски, Калјопи Лутовска, м-р Моника Нолева, м-р Јове Парговски, Божидар Маслинко, Славе Стојанов, Ирина Талевска, Валентина Даркова, Гордана Гравчева Ивановска, Ирена Димовска Митревска и Биљана Стефановска, која беше водител на настанот.