TheNorthmacedoniaTime

Посен колач со малини

2026-03-22 - 16:44

Овој посен колач со малини е вистински пример како од едноставни состојки може да се добие богат вкус и мека текстура. Идеален е за појадок, десерт или лесна закуска со кафе, а благодарение на киселата вода добива неверојатна воздушеста структура. Потребни состојки: 400 мл кисела вода 400 г шеќер 200 мл масло 1 кесичка ванилин шеќер 1 кесичка прашок за печиво 600 г брашно рендана кора од 1 лимон 2 раце замрзнати малини (или по желба: вишни, капини) Постапка: Во длабок сад сипете ја киселата вода, додајте шеќер, масло и ванилин шеќер. Мешајте со миксер додека да се добие изедначена и мазна смеса. Додајте го брашното и прашокот за печиво, па продолжете со мешање додека да се добие густа, но мазна смеса без грутки. На крај додајте ја ренданата кора од лимон и лесно измешајте. Подмачкајте плех (околу 30 см) со масло и набрашнете го. Сипете ја смесата и рамномерно распоредете ја. Одозгора додајте ги малините без одмрзнување. Печете во претходно загреана рерна на 200°C околу 15–20 минути, додека да добие златна боја и внатрешноста да остане мека.

Share this post: