Се краде урбана опрема од трим-патеката во Илинден, еден летниковец и корпа за ѓубре пронајдени среде нива
2026-01-26 - 10:42
Градоначалникот на Општина Илинден Александар Георгиевски преку видео-објава сподели дека летниковците коишто биле поставени на трим патеката од Ајватовци до Бучинци биле украдени, а еден од нив бил пронајден среде нива закачен за приколка. „Мораме да ги чуваме јавните добра. Општината сите инвестиции ги реализира со пари од граѓаните и мора да го чуваме заедничкото. За жал, дел од урбаната упрема која ја поставуваме, а се работи за летниковците поставени на трим патеката од Ајватовци до Бучинци, е украдена за што е пријавено во полиција“, вели градоначалникот. Георгиевски апелира до граѓаните да ги чуваат јавните добра и да ги пријавуваат сите оштетувања и оштетувачи.
Share this post: