Двајца кандидати за претседател на Регулаторната комисија за енергетика
2026-03-16 - 12:08
Двајца кандидати се пријавиле на јавниот оглас за избор на нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Според информациите на МИА, на огласот се пријавиле Ацо Ристов, поранешен градоначалник на Радовиш и Шамил Реџепи, вработен во РКЕ. Комисијата за прашања на изборите и именувањата утре на седница ќе ги разгледува пријавите по Одлуката за објавување јавен оглас за именување претседател на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија број 45/2026). Оглас за претседател на РКЕ беше објавен откако Марко Бислимоски поднесе оставка, но функцијата ќе ја извршува до изборот на нов прв човек на Комисијата. Согласно Законот за енергетика, по разгледување на пријавите, Комисијата за прашања на изборите и именувањата му предлага на Собранието, предлог кандидат за именување на претседател на Регулаторната комисија за енергетика.