Убиството на Хамнеи е „објава на војна против муслиманите“, вели иранскиот претседател
2026-03-01 - 10:57
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави дека убиството на врховниот водач ајатолахот Али Хамнеи во американските и израелските напади претставува „објава на војна против муслиманите“. „Атентатот на највисокиот политички авторитет на Исламската Република Иран и истакнат водач на шиитизмот ширум светот ... се доживува како отворена објава на војна против муслиманите, а особено против Шиитите, насекаде во светот“, вели Пезешкијан во изјавата пренесена од државната телевизија. Тој додава дека одмаздата за убиството на Хамнеи е право и обврска на Исламската Република. „Исламската Република Иран го смета за своја легитимна должност и право да им се одмазди на сторителите и на мозоците на ова историско злосторство“, вели Пезешкијан, пренесе Тајмс оф Израел.