Детали за сообраќајката во која загина вработен во ЦУК, починал на лице место
2026-03-06 - 11:17
Полицијата информира дека вчера околу 12:20 часот на патот Демир Хисар – Кичево, на место викано „Крбла“ , атар на с.Сопотница, демирхисарско, патничко возило „фиат“ со демирхисарски регистарски ознаки, управувано од Љ.Б.(52) од с.Жван, демирхисарско, излетало од патот. Во несреќата на местото починал возачот Љ.Б., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. Додека, неговиот сопатник Д.Г.(59) од с.Жван се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола, велат од МВР. По насоки на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Демир Хисар.
Share this post: