TheNorthmacedoniaTime

Отворена изложбата на фотографии „Осончена тишина” од Александра Костадиновска во СКЦ Нови Сад

2026-03-21 - 10:13

Синоќа во Студентскиот културен Центар во Нови Сад, беше отворена изложбата на фотографии „Осончена тишина” од Александра Костадиновска. Изложбата е остварена во потесна соработка на нашиот КИЦ во Белград со Националниот совет на Македонците во Србија, во чие име се обрати претседателката Зорица Митровиќ, Град Нови Сад во чие име се обрати началникот на градската управа за култура Александар Белиќ, од име на домаќинот СКЦ Нови Сад, уредникот на ликовната програма Даница Биќаниќ, од име на КИЦ Белград директорот Васко Шутаров и носителот на овој патувачки ликовен проект, кураторот Јасминка Намичева. Изложбата во СКЦ Нови Сад ќе биде поставена до 27 март.

Share this post: