Владата преку интервенција во даноците ќе спречи нов драстичен скок на бензините
2026-03-22 - 11:44
Владата преку интервенција во даноците ќе спречи нов драстичен скок на бензините. Како што дозава „Република“ ќе се прогласи кризна состојба поради цените со бензините. Владата реагира откако проценката е дека по најновите скокови на светската нафтена берза би требало да се зголеми дизелот за над 10 денари по литар, а безоловниот безнин за 6 денари. Се очекува Влдата да интервенира со намалување на данокот и мерки против поскапување на бензините. Денес има вонредна владина седница и ќе се донесат мерки по што премиерот Мицкоски ќе одржи прес конференција.
Share this post: