Маринците излегуваат на сцена: САД трупа специјани сили за копнена операцја против Иран
2026-03-26 - 07:12
До крајот на неделава, американските амфибиски сили за напад предводени од повеќенаменскиот амфибиски брод „УСС Триполи“ и амфибискиот десантен брод „УСС Њу Орлеанс“ ќе влезат во областа на Ормузскиот Теснец и Персискиот Залив, носејќи неколку илјади маринци од 31-та експедициска група (MEU), префрлени од Пацификот на Блискиот Исток. Се очекува тие да пристигнат токму на време за деновите што Трамп ги постави како нов рок за Иран да го „отвори теснецот“ и да ја врати слобдната пловидба низ него. Истовремено, втор борбен ешалон е на пат – амфибиската група „УСС Боксер“ и 11-та експедициска група на морнарицата, уште 2.200-2.500 луѓе, но тие нема да пристигнат во регионот уште неколку недели. Формално, Вашингтон продолжува да повторува: „нема да внесуваме американски трупи на иранска територија“, но во пракса, во зоната на ЦЕНТКОМ се формира моќна амфибиска ударна група, способна да реши широк спектар на задачи – од инспекција на бродови и ослободување на заробени танкери до заземање на клучни острови и делови од брегот што го контролираат влезот во Хормуз. Три точки се клучни: Како ќе се одвива десантот на маринците за преземање контрола врз Ормутскиот Теснец 31-от МЕУ поврзан со „УСС Триполи“ не е само баталјон маринци, туку содржи и авиони Ф-35Б и В-22, хеликоптери и специјални единици „ВБСС/Марин рејдерс“, специјализирани за морски напади, напади врз бродови и „прецизни“ слетувања од море. Интересно е што еден од американските претставници веќе изјави: „Овие маринци не летаат за церемонија“ – порака испратена директно до Техеран. Во суштина, САД отворено носат „лебдечка дивизија“ за брза реакција во Ормутскиот Теснец и покажуваат дека се подготвени да го отворат теснецот не само со санкции и изјави, туку и со сила. Трамп не блефира, ќе направи пекол: Белата куќа откри што ќе се случи ако Иран не ги прифати условите на САД Американските медиуми веќе дискутираат за сценариото за заземање на еден или повеќе ирански острови како „ограничена операција“ за отворена пловидба – без длабоко продирање на иранска територија, но со директна воена конфронтација со ИРГК на море. Во овој контекст, зголемувањето на ракетната и беспилотната активност од страна на Иран и неговите сојузници го претвора Ормутскиот Теснец во главен центар за можна голема ескалација меѓу САД и Иран во наредниот период. Главната интрига сега е – дали Техеран ќе се движи кон тактичко „полу-помирување“ по прашањето на теснецот за да добие време или ќе избере понатамошна контролирана ескалација, тестирајќи колку мериканскиот претседател Доналд Трамп е навистина подготвен да премине од демонстрација на сила кон нејзина вистинска примена. Иран им одговори на САД: Ги објави своите пет услови за завршување на војната