Најмеките кифлички што некогаш ќе ги пробате
2026-03-04 - 08:07
Потребни состојки: – 750 мл млеко (три шолји) – 1 лажица сув квасец – 2 лажици шеќер – 250 мл масло (една шолја) – 1 кг брашно – сол Подготовка Во сад измешајте млако млеко и сув квасец и промешајте. Во друг сад комбинирајте шеќер, сол и масло. Додајте го млекото и повторно промешајте па постепено додавајте брашно. Важно е да не го додадете сето брашно одеднаш. Месете додека не добиете меко и еластично тесто кое многу малку се прилепува за дланките. Покријте го садот и оставете тестото да стасува 30-40 минути. Потоа, со малку масло премачкајте ги рацете за да не се лепи тестото. Скинете делови, оформете ги во саканата форма и ставете ги на подмачкано тенџере или плех. Печете во претходно загреана рерна на 200°C додека не поруменат убаво.