Пешевска: Го повикувам Клубот на пратенички, жените од СДСМ и од сите партии да застанеме заеднички против навредливиот говор кон жените
2026-02-11 - 19:19
Навредата кон жена (без разлика на партиската припадност) е напад врз сите жени во јавниот живот! Како претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ и претседателка на собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите, остро го осудувам говорот со кој пратеничка е наречена „монструм“!, вели Жаклина Пешевска, претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ и претседателка на собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите, во објава на Фејсбук. Според Пешевска, тоа е деградирачки и понижувачки наратив насочен кон жена затоа што гласно зборува и ја говори вистината. Остро го осудувам Слободан Трендафилов за навредливиот говор и обидите преку манипулација на работниците да гради личен и политички профит! Ваквиот говор не ја труе само политичката дебата, туку испраќа опасна порака до сите девојчиња и жени дека јавниот простор е место каде навредата е дозволена. Тоа не смееме да го нормализираме! Дафина Стојаноска е пример за силна, гласна и храбра жена која не се повлекува пред притисоци и напади, туку достоинствено ја брани својата позиција. Го повикувам Клубот на пратенички и сите жени во Собранието, без оглед на политичката боја, да застанеме јасно и заеднички против ваквиот говор. Денес е нападната една пратеничка, утре метата може да биде било која од нас. Достоинството на жените во политиката е прашање на вредности и на демократска зрелост!, истакна Пешевска.