TheNorthmacedoniaTime

Претседателот и членовите на ДИК на конференцијата „Заштита на демократијата и изборниот интегритет“

2026-02-23 - 12:46

Со зајакнат мониторинг и дигитализација до целосна изборна транспарентност, објави ДИЛ на својот фејсбук профил. Претседателот и членовите на Државната изборна комисија учествуваа на конференцијата организарана од страна на IFES North Macedonia : „Заштита на демократијата и изборниот интегритет“. Главен фокус на дискусиите беа анализите од мониторингот на Локалните избори 2025, во делот на спречување на злоупотребата на административните ресурси и следење на политичкото рекламирање и кампањите водени од трети страни. Наша заедничка цел останува унапредувањето на транспарентноста и клучните механизми за обезбедувањето на еднакви услови за сите учесници во изборниот процес.

Share this post: