Русија го осуди нападот врз иранскиот објект за збогатување ураниум во Натанз
2026-03-21 - 18:14
Руското Министерство за надворешни работи го осуди нападот врз иранскиот објект за збогатување ураниум во Натанз. Ова е грубо кршење на меѓународното право и опасност од предизвикување нуклеарна катастрофа“, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова. Иранскиот нуклеарен комплекс во Натанз е погоден во израелско-американските напади од воздух Иран ја информираше Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) дека бил погоден објектот за збогатување ураниум во Натанз, соопшти агенцијата во објава на платформата Икс.
Share this post: