TheNorthmacedoniaTime

Приведен кумановец осомничен за тешко повредување на сопругата при семејно насилство

2026-03-25 - 13:03

Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против 59-годишен жител на Куманово, кој е осомничен дека при вршење семејно насилство ѝ нанел тешка телесна повреда на својата сопруга. Според информациите од обвинителството, на 20 март, во семејниот дом на сопружниците, најпрво дошло до вербална расправија меѓу нив, по што осомничениот физички ја нападнал жената. Тој ѝ задал повеќе удари по телото, при што ѝ биле нанесени тешки телесни повреди, односно сериски фрактури на три ребра. Од Основното јавно обвинителство информираат дека против осомничениот е поведена постапка за кривично дело Тешка телесна повреда, согласно член 131 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Воедно, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Куманово доставил и предлог за определување мерка притвор, со цел обезбедување на осомничениот и непречено водење на постапката.

Share this post: