И Салвини со поддршка за Орбан по директните закани на Зеленски кон унгарскиот премиер
2026-03-06 - 21:37
Солидарност со мојот пријател и патриот, премиерот Виктор Орбан, кој отсекогаш бил на чело на одбраната на слободата и правата на своите граѓани и патриоти низ цела Европа. Загриженост и цврста осуда на мешањето и заканите од странски земји. Наскоро ќе бидам во Будимпешта, претставувајќи ги италијанските патриоти, за да ја изразам нашата солидарност и поддршка“, порача на социјалните мрежи италијанскиот вицепремиер, Матео Салвини. Неговата поддршка до Орбан доаѓа откако унгарскиот премиер доби директна закана од страна на украинскиот претседател Володомир Зеленски, дека ако не ја одблокира помошта од 90 милијарди за Украина од Брисел, ќе им нареди на украинските војници „да се позанимаваат со него“. Зеленски со смртни закани до Орбан: Ќе ја дадеме неговата адреса на нашите вооружени сили На тоа реагираше можне остро словачкиот премиер, Фицо: Зеленски директно му се заканува на премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, затоа што унгарската влада во моментов блокира воен заем од 90 милијарди за Украина. Станува збор за заем во кој ниту ние учествуваме, ниту ќе учествуваме, исто како и Чешка и Унгарија... Јавно си дозволи да каже дека ќе ја даде адресата на Виктор Орбан на војниците од украинската армија и дека тогаш Виктор Орбан веројатно ќе го разбере јазикот со кој тие војници ќе зборуваат... Тој ги премина сите граници и Словачка, како суверена држава, мора да се огласи“, порача словачкиот премиер. Фицо за заканите на Зеленски кон Орбан: Тој директно му се закани на европски премиер, ги премина сите граници Фицо директно ги прозва Урсула фон дер Лајен, Антонио Кошта и, како што рече, таканаречената министерка за надворешни работи на Европската Унија, Каја Калас, да се дистанцираат од овие недозволиви и уценувачки изјави на Зеленски.